Агим Ибраими по 13 години се врати во Шкендија

Агим Ибраими се договори со Шкендија и по 13 години се враќа на почетокот, во матичниот клуб каде ја почна фудбалската кариера.

Двете страни долго преговараа и денеска Ибраими треба да биде претставен како нов играч на лидерот и актуелен шампион на Македонија.

Од 2006 година одличниот офанзивец играше во странски клубови, а пред да се договори со Шкендија беше член на Домжале од Словенија.

Ибраими има 39 настапи за нашата национална селекција и постигна 7 голови за Македонија.

- Оглас -

Најнови вести