7.8 C
Skopje
петок, 6 февруари 2026

Агон Елези беше стрелец за Сараево на стартот на пролетта (Видео)

Македонскиот репрезентативец Агон Елези ја отвори пролетната полусезона во Босна и Херцеговина со гол за Сараево во триумфот од 2-0 на домашен терен. На дуелот против Радник, Елези постигна погодок во 19-тата минута, носејќи водство од 1-0 за својот тим.


Вториот погодок беше дело на новото засилување Лука Менало.


Во составот на Сараево се најде и поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски, кој исто така настапи на овој натпревар.

- Оглас -

Најнови вести