Агонија на некогашниот белградски екс-ју прволигаш, пред испаѓање е во четвртата српска лига

Фудбалскиот клуб Рад од Белград во минатото, со години беше еден од главните конкуренти во Србија на Црвена ѕвезда и Партизан, но веќе подолго време бараат „сламка на спас“ и во моментов се во полоша ситуација од кога било во својата историја, со оглед на тоа што се на прагот на испаѓање во „зонска лига“, односно четврти ранг на српскиот фудбал.

Клубот од Бањица во своите „златни денови“ беше редовен учесник во поранешната југословенска лига и учесник во Купот на УЕФА. За Рад играа големи имиња како Владимир Југовиќ, Мирослав Ѓукиќ, Љубинко Друловиќ, Милан Борјан и други.

Во сезоната 2010/11, Градежниците завршија како четврти во Суперлигата на Србија, се пласираа во Лига Европа. Падот почна во сезоната 2020/21, кога испадна во првата лига на Србија. По две сезони во втората по рранг лига во Србија, испаднаа и во српската лига Белград, а како што стојат работите ќе паднат уште еден ранг подолу.

Тимот во моментов е последнопласираната екипа од Српската лига Белград, со само 10 бода и е речиси без никакви шанси за опстанок.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести