Манчестер сити убедливо со 4:0 го победи Брајтон, а Челзи шокантно не успеа да сочува водство од 2:0 против Шефилд Јунајтед, во мечеви од четвртото коло во Премиер лигата. Серхио Агуеро одигра одличен дуел и на крајот со два гола и една асистенција е најзаслужен за радоста на Граѓаните пред своите навивачи.
Челзи добро го започна дуелот против Шефилд и на полувремето имаше водство од 2:0, благодарение на погодоците на Абрахам, но гостите не се предадоа. Најпрво Робинсон намали на 1:2, а во 89 минута Зоума си даде автогол за разочарување на „Стемфорд Бриџ“.
Лестер предводен од Џејмс Варди кој даде два погодоци, а имаше и една асистенција, славеше против Борнмут, а предноста на домашен терен ја искористија и Вест хем против Норич (2:0) и Кристал Палас во дуелот со Астон вила (1:0). Њукасл и Ватфорд ремизираа 1:1.