Серхио Агуеро го одигра првиот меч во дресот на Барселона.
Аргентинскиот ас дебитираше на средбата против Валенсија, на која тој и соиграчите на крајот се радуваа на победа од 3:1.
„Не очекував дека навивачите ќе го скандираат моето име толку гласно и благодарен сум им за тоа. Се надевам дека со голем успех ќе го носам дресот на овој голем клуб и дека ќе освоиме титули.
Ансу Фати има голем потенцијал и може да биде еден од најдобрите играчи во историјата на клубот и покажа зошто ја заслужува ‘десетката’ која претходно ја носеше Меси“, изјави Агуеро по натпреварот.
Очигледно дека репрезентативната пауза одлично делуваше за Барселона, која успеа да ја прекине серијата лоши резултати пред големото Ел Класико, а претходно треба и да одиграат меч од Лигата на шампионите против Динамо Киев.