Агуеро: Дерби против Ливерпул? Манчестер јунајтед е нашиот најголем ривал

Манчестер сити сезонава е во потера по хет-трик титули во Премиер лигата. Граѓаните се надеваат дека ќе стигнат до третата круна во низа, но овојпат имаат голем ривал. Ливерпул е лидер и по 11 кола гигантот од „Енфилд роуд“ има 31 од можните 33 бодови. Сити заостанува шест бода.

Во следното коло од Премиер лигата, во центарот на вниманието ќе биде токму дуелот меѓу Ливерпул и Сити. Еден од главните играчи на Граѓаните, Серхио Агуеро започна со провокации на противникот велејќи дека дуелот против Ливерпул не е некое големо дерби бидејќи најголем ривал на Сити е градскиот противник Манчестер јунајтед.

„Ливерпул секогаш е многу тежок противник, но откако сум во Сити, сфатив дека ривалството секогаш било со Манчестер јунајтед. Можеби Сити и Ливерпул е ’Класико’ за на телевизија, но ’Класико’ за играчите на теренот е дуелот против Манчестер јунајтед. Во последните сезони Ливерпул покажа дека ќе се бори за титулата со нас“, рече Агуеро.

Сити како да е проколнат кога гостува на „Енфилд роуд“ бидејќи Граѓаните не знаат за победа на овој стадион уште од 2003 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести