Првичните резултати од испитувањата открија дека Серхио Агуеро има срцева аритмија, односно пореметување на срцевиот ритам.
Како што е познато, играчот на Барселона вчеравечер го напушти теренот поради болка во градите, од каде што замина на испитувања во болница, а резултатите не се охрабрувачки.
Иако сега следува детална анализа, сепак, Агуеро во моментов ќе треба да одмара, за да се одлучи што ќе биде понатам и дали тој ќе може да продолжи да игра без вградување на дефиблиратор, идентично како и во случајот на Кристијан Ериксен.ѓ