Агуеро главен забавувач во соблекувалната на Сити (Видео)

Жешката латино крв на Серхио Агуеро зовре синоќа по победата над Челзи во финалето на Лига купот во Англија, па популарниот Кун беше главниот човек задолжен за забава и танцување во соблекувалната на „граѓаните“.

Поддршка на шоуменот Агуеро му даде Лапорт, но тој безуспешно се обидуваше да го имитира, па Аргентинецот ја имаше главната улога. Музиката го поведе да почне да прави потези кои веројатно ги смисли во истиот момент, а сето тоа беше снимено од камера на клубот, откако тренерот Пеп Гвардиола дозволи да се снима атмосферата.

https://www.youtube.com/watch?v=gGmGCRt7MAs

 

- Оглас -

Најнови вести