Манчестер сити без многу проблеми стигна до три бода на гостувањето кај Фулам во Лондон, победувајќи со 3:0. Домаќините кои се борат за опстанок, успеаа во првото полувреме да одолеат на нападите на фаворитот, но потклекнаа на стартот од вториот дел.
Џон Стонс погоди во 47 минута за 1:0, а само девет минути подоцна погоди и Габриел Жезус. Фуриозните 15 минути на Сити беа заокружени со погодок на Серхио Агуеро. Капитенот на Сити, погоди од пенал, со што ја прекина неговата најдолга низа без погодок во Премиер лигата.
Sergio Aguero scores his first Premier League goal since January 2020.
10 years, 181 goals and counting ⚽ pic.twitter.com/kFv44HhbFU
— B/R Football (@brfootball) March 13, 2021
Агуеро немаше погодок во Премиер лигата од јануари минатата година кога беше прецизен против Шефилд јунајтед. Од тој гол до сега поминаа точно 417 денови во кои Агуеро се немаше израдувано на погодок. Аргентинецот одигра 13 меча, односно 641 минута без погодок, се до денешниот пенал против Фулам.
За Агуеро ова е 181 погодок во дресот на Манчестер сити во англиското првенство и моментно е четврти на вечната листа на стрелци во Премиер лигата, а најдобар голгетер што не е од Англија.