Агуеро го нема во Сити, но заигра за Индепендиенте!

Аргентинскиот фудбалер Маурисио дел Кастилјо Агуеро, кој има 24 години и е помлад брат на ѕвездата на Манчестер сити, Серхио Агуеро, дебитираше во првата аргентинска лига откако влезе во финишот на средбата Индепендиенте – Дефенса и Хустисија.

Дел Кастилјо е еден од двајцата браќа кои ги има популарниот Кун. Според она што може да се види, Маурисио многу личи на Серхио, кому целосното име му е Серхио Агуеро дел Кастилјо. И тој кариерата ја почна во Индепендиенте, пред да се пресели во Европа, во Атлетико Мадрид пред 14 години.

- Оглас -

Најнови вести