Во пресрет на мечот против Шахтар Донецк од петтото коло во Лигата на шампионите, менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, изјави дека неговиот клучен играч Серхио Агуеро се соочува со проблематична повреда на ногата. Аргентинецот многу е веројатно дека ќе ги попушти следните четири натпревари на Граѓаните, меѓу кои е и градското дерби против Манчестер јунајтед.
Тој дуел е закажан за 7 декември, а Агуеро не ќе може да ужива во пресметката против еден од неговите омилени противници. Голгетерот на Сити досега настапи на 11 дерби-дуели против Црвените ѓаволи во кои седумпати се радуваше на победа, а претрпе шест порази и едно реми. Агуеро има и солиден учинок против лутиот ривал, во тие 11 меча реализира девет гола и една асистенција.
Дуелите со Шахтар, Њукасл и Барнли се останатите средби на кои Агуеро не ќе може да се стави на располагање кај предводникот Гвардиола.