Агуеро му се закани на Отаменди: Ќе те убијам ако го повредиш Меси во Лигата на шампионите

Серхио Агуеро има интересна анализа на составите на групите во Лигата на шампионите и во своето ток-шоу на радио имаше посебна обраќање до Николас Отаменди за настапите во Лигата на шампионите.

Секако малку и на шега, Агуеро го предупреди стоперот на Бенфика да внимава да не го повреди Лионел Меси во мечевите од Лигата на шампионите.

Бенфика и Пари Сен Жермен се во иста група со Јувентус и Макаби Хаифа, а тука има тројца клучни репрезентативци на Аргентина.

Отаменди е столб на одбраната на Бенфика и на Аргентина, Меси од ПСЖ е капитен на Гаучосите и главен адут за мундијалско злато, а Ди Марија е член на Јувентус, но тој е повреден и не се знае кога ќес е врати на терен.

„Отаменди го молам да внимава. Николас немој да го повредиш Меси, ќе те убијам. И пази и на Ди Марија, мораме да играме на Светското првенство во Катар и да станеме шампиони“ вели Агуеро.

https://twitter.com/RoyNemer/status/1563022701975191552?s=20&t=UJlKzWxqRKU9wvKdNvVcCQ

На Мундијалот Аргентинците се меѓу главните фаворити, а ќе се игра во Катар во ноември и декември оваа година.

 

- Оглас -

Најнови вести