Агуеро најави дека е можно да се врати во фудбалот

Легендарниот аргентински напаѓач Серхио Агуеро веќе неколку месеци е во пензија. На дуелот против Алавес на „Камп Ноу“ во октомври, Агуеро се пожали на болки во градите и потоа падна на теренот и со лекарска помош беше пренесен во болница.

По направените прегледи и дополнителни тестови, Агуеро во декември најави дека се пензионира. Сепак, сега Аргентинецот има друг план. Сака да проба да се врати на теренот.

„Изминативе денови ми падна на памет дека можам да се вратам во фудбалот. Лекарите ми препорачаа дека половина година треба целосно да мирувам, па сега откако помина тој период, размислувам да се вратам на теренот“, вели Агуеро.

Аргентинскиот голгетер имаше блескава кариера во дресот на Манчестер сити, кога во период од 2011 до 2021 година, во 390 мечеви даде 260 погодоци и стана рекордер во историјата на Граѓаните. Потоа направи трансфер во Барселона, каде одигра само пет меча во кои постигна еден гол, а потоа мораше да се повлече.

Агуеро има играно и Индепендиенте во Аргентина и во Атлетико Мадрид и во вкупно 685 меча постигна 385 погодоци.

Враќањето на Кристијан Ериксен сигурно е мотив повеќе на Агуеро да се обиде да се врати на терен. Ериксен минатото лето доживеа срцев удар на терен за време на дуелот Данска – Финска, а неколку месеци подоцна не само што се врати на теренот, туку Ериксен и блеска во дресот на Брентфорд, но и во националниот тим на Данска.

- Оглас -

Најнови вести