Серхио Агуеро е повреден, има проблем со мускулот и ќе паузира неколку седмици, а меѓу дуелите што ќе ги пропушти веројатно ќе биде и дербито на Манчестер на 7 декември.
Утре аргентинскиот напаѓач на Манчестер сити сигурно нема да игра против Шахтар во меч од Лигата на шампионите, а Пеп Гвардиола е загрижен дека Серхио нема да може да игра и против Њукасл, Барнли и Манчестер јунајтед во Премиер лигата.
„За жал, Агуеро ќе биде отсустен неколку седмици и прашање е дали ќе игра до крајот на ова година. Не знаеме точно колку ќе паузира, но според информациите што ги имам, ќе биде чудо ако биде подготвен за дербито со Манчестер јунајтед на 7 декември“, изјави тренерот на англискиот првак.
Агуеро е трет стрелец во Премиер лигата со 9 гола, зад Варди со 12 и Абрахам со 10, па јасно е колку ќе му недостасува на Сити, иако англискиот првак има квалитетна замена во Габриел Жезус.