Агуеро повторно аут, го пропушта дербито против Ливерпул?

На Серхио Агуеро му се предвидува нова едномесечна пауза поради повреда на задниот дел на бутниот мускул со која се здоби изминатиот викенд во мечот против Вест хем. Иако сè уште се чека потврда од таборот на Граѓаните, англиските медиуми тврдат дека закрепнувањето на Аргентинецот ќе трае од пет до шест недели.

Тоа значи дека рекордерот на Сити по бројот на погодоци ќе го пропушти првото големо дерби против Ливерпул за оваа сезона, кое е закажано за 8 ноември, пред новата репрезентативна пауза, која Агуеро исто така ќе ја пропушти.

Агуеро до неодамна беше надвор од терените поради повреда на коленото, по што успеа да запише само три настапи за Граѓаните пред повторно да се здобие со незгода.

- Оглас -

Најнови вести