20.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Агуеро се извини затоа што неговата глупост ја скрати радоста за титулата на Манчестер сити

Манчестер сити очекуваше со победа над Челзи да ја осигура титулата во Премиер лигата и Граѓаните беа на добар пат за такво нешто. Имаа водство од 1:0, а во судиското надополнување беше досуден пенал за нив. Серхио Агуеро кој 10 години е дел од клубот и стана најдобар стрелец во историјата на Сити, ја превзема одговорноста да го шутира ударот од белата точка.

Агуеро сакаше на атрактивен начин со Паненка да го совлада Менди, но голманот на Челзи ја прочита неговата намера и лесно, без никакви проблеми го одбрани пеналот. Сити пропушти шанса да води со 2:0 на полувреме, а во вториот дел Челзи направи целосен пресврт и со два гола стигна до победа на стадионот „Етихад“.

Тренерот на Сити, Пеп Гвардилла беше бесен поради ваквата одлука на Агуеро во толку значаен меч да шутира Паненка пенал. По завршување на мечот, аргентинскиот голгетер јавно се извини за својот потег.

„Сакам да им се извинам на моите соиграчи, на стручниот штаб и на навивачите за промашениот пенал. Тоа беше лоша одлука и целата одговорност е моја“, напиша Агуеро на социјалните мрежи.

https://youtu.be/YO7jdJWIT7M

Манчестер сити и по овој пораз е сигурен дека ќе ја освои титулата во Англија, но Граѓаните сакаа тоа да го направат во стил, на свој терен со победа над голем ривал. Шанса да се реваншираат на Челзи, Сити ќе има на 29 мај кога овие две екипи ќе играат во финалето на Лигата на шампиони.

 

- Оглас -

Најнови вести