Агуеро се прости од фудбалот – Си замина стрелецот што ја реши најдраматичната завршница во историјата на Премиер лигата (Видео)

Серхио Агуеро на прес-конференција денеска точно напладне објави крај на фудбалската кариера по здравствените проблеми што не му дозволуваат да продолжи да игра за Барселона.

На дуелот меѓу Барселона и Алавес одигран на 30 октомври годинава, Агуеро почуствува болки во градите и беше заменет во 40-тата минута поради срцеви проблеми, а тој меч му беше и последен во кариерата.

Аргентинецот има со што да се пофали откако во богатата кариера постигна 427 голови, петпати беше првак на Англија, еднаш го крена пехарот во Копа Америка, има една титула во Лигата на Европа, уште многу трофеи и индивидуални признанија.

https://twitter.com/BBCSport/status/1471078183327911936?s=20

Агуеро изјави дека се збогува со фудбалот, а при објавата не можеше да ги задржи солзите.

„Моето здравје секако е на прво место. Медицинскиот тим на Барселона ме советуваше дека најдобро за мене е да престанам да играм фудбал и морам да ги послушам. За жал, ова е крај и си заминувам од Барселона и од фудбалот“, рече одличниот Аргентинец.

Особено ќе се памети неговиот гол за Манчестер сити во најдраматичната завршница во историјата на Премиер лигата, која функционира по сегашниот принцип од 1992 година.

Агуеро со погодок во последните моменти од судиското продолжение на 13 мај 2012 година му донесе победа на Манчестер сити против КПР со 3:2 и титула, прва по 1968 година.

Манчестер сити и Манчестер јунајтед на крајот на најдраматичното првенство во Премиер лигата имаа еднаков број бодови, по 89, но Граѓаните благодарение на голот на Агуеро, станаа шампиони поради подобра гол-разлика.

https://twitter.com/City_Xtra/status/1392615572601442309?s=20

Аргентинецот во богатата кариера играше само за четири клуба, Индепендиенте, Атлетико Мадрид, Манчестер сити и Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести