Агуеро со Аргентина ќе патува на СП во Катар!

Серхио Агуеро пред неколку месеци доживеа шок на фудбалскиот терен. Аргентинскиот голгетер на мечот Барселона – Алавес почувствува тешкотии во дишењето и стегање во градите, па мораше да го напушти мечот.

По направените лекарски прегледи, беше констатирано дека Агуеро има срцеви проблеми и дека едноставно мора да престане со професионално играње фудбал. Тоа беше голем шок за најдобриот голгетер во историјата на Манчестер сити и еден од најдобрите аргентински фудбалери на денешницата.

Агуеро беше еден од најзаслужните што Аргентина се пласираше на Светското првенство во Катар, но нема да може да биде во составот за Гаучосите кои ќе го бркаат златото. Сепак, Агуеро најверојатно ќе биде дел од аргентинската експедиција на планетарниот собир и тоа како дел од стручниот штаб.

„Одам на Светското првенство во Катар. Оваа недела ќе имам состанок, но сакам да бидам таму. Идеата е да бидам дел од стручниот штаб на Аргентина. Веќе разговарав со селекторот Скалони“, откри легендарниот фудбалер за аргентинското Радио 10.

 

- Оглас -

Најнови вести