20.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Агуеро со џентлменски предлог околу наследникот на неговиот број

Серхио Агуеро во сабота ќе го одигра последниот меч во дресот на Манчестер сити, а како што и самиот сонуваше, ќе биде тоа во финалето од Лигата на шампионите. Против Челзи, Агуеро ќе треба да блесне за последен пат и да го освои трофејот кој му недостасува во богатата колекција.

Од следната сезона Аргентинецот ќе биде член на Барселона каде што веројатно ќе игра покрај репрезентативниот колега Лионел Меси, а воедно проговори околу тоа кој треба да го преземе неговиот број од моментот кога ќе биде слободен.

„Луѓето велат дека Де Бројне ќе ја земен „десетката“, меѓутоа колку што знам јас, Кевин и во други клубови играше со бројот 17 на дресот, така што мислам дека нема да го побара бројот. Ако мене ме прашуваат, мислам дека Фоден го заслужува мојот број“, истакна Агуеро.

Иако Фоден има само 20 години, Гвардиола му даде шанса да дебитира за првиот тим уште како тинејџер, а сезонава беше интегрален за Граѓаните во походот до титулите во Премиер лигата и Лига Купот, како и самиот пласман во финалето од ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести