Агуеро во последниот меч го сруши рекордот на Руни

Серхио Агуеро вчера го одигра последниот меч во дресот на Манчестер сити во Премиер лигата. Аргентинецот на најдобар можен начин се прости од првенството во кое играше цели 10 години. Агуеро даде два гола во победата над Евертон од 5:0.

Легендарниот напаѓач влезе како резерва во 65 минута и му беа потребни само 11 минути за да постигне два гола. Токму тие два гола му беа доволни за Агуеро да постави рекорд во Премиер лигата. Тој застана на бројката од 184 погодоци и стана фудбалерот со најмногу погодоци во Премиер лигата, постигнати за еден клуб. Овој рекорд досега беше во сопственост на Вејн Руни кој имаше постигнато 183 погодоци за Манчестер јунајтед, а сега Агуеро е за еден погодок пред легендата на градскиот ривал.

Кога се работи за вкупно погодоци во Премиер лигата, на вечната листа води Алан Ширер со 260 погодоци постигнати во дресовите на Њукасл и Блекбурн, а потоа следуваат Вејн Руни со 208 голови како играч на Манчестер јунајтед и Евертон и Енди Кол со 187 погодоци дадени за дури седум различни клубови.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести