Ах, таа Барселона, скрати радост вредна 5.000 евра

Барселона имаше девет победи по ред против Алмерија, каталонскиот гигант имаше дополнителен мотив за победа затоа што со три бода ќе отидеше на двоцифрена предност во однос на Реал Мадрид, но на теренот во Алмерија ситуацијата беше поинаква.

Домаќините изненадија и славеа со 1:0, а Барселона ја прекина низата од седум победи во Примера дивисион. Овој кикс на каталонскиот гигант посебно разочара еден обложувач во Sport Life, кој со вложени 300 денари, чекаше нето-добивка од 302.380.

Тикетот е уплатен во четвртокот и има вкупно 14 пара, а тактиката била да се игра на фаворитите. Погодени се победите на фаворитите Борусија Дортмунд, Олимпик Лион, Манчестер сити, Наполи, Јувентус…

Интересно е дека на тикетот е мечот меѓу Манчестер јунајтед и Барселона во Лигата на Европа и тука е одиграно дека каталонскиот гигант нема да победи, што и се случи, затоа што Црвените ѓаволи се радуваа со 2:1 на „Олд Трафорд“. Обложувачот сепак имал верба дека Барселона ќе победи во првенството против Алмерија, но за негова жал, следуваше нов кикс на тимот на Чави Ернандес, а со тоа и тикетот кој носеше 5.000 евра остана со утешната добивка од 10 ваучери помножени со уплатата од 300 денари благодарение на тоа што е уплатен со Sport Life картичка.

- Оглас -

Најнови вести