Кошмар за Ливерпул на „Енфилд роуд“. Англискиот гигант доминираше во дуелот против Атлетико Мадрид, создаде многу шанси, но по 90 минути имаше водство само од 1:0, што беше доволно да има продолженија двапати по 15 минути. Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, имаше неверојатни одбрани и беше најзаслужен што шпанскиот тим стигна до продолженија.
Ако голманот на Јорганџиите е херојот, тогаш чуварот на мрежата на Ливерпул е трагичарот. Адријан речиси и да немаше работа во текот на 90 минути, но кога дојдоа продолженијата, направи катастрофални грешки. Голманот на Ливерпул несмасно исфрли една топка во 97-мата минута, а гостите тоа го казнија преку Љоренте, кога погоди за 2:1, гол вреден злато за Шпанците.
Потоа Љоренте уште еднаш биеше прецизно од околу 20 метри, а Адријан беше далеку да интервенира и веќе сè беше јасно. На крајот Мората стави шлаг на прославата на Атлетико за победа од 3:2.
Киксот на Адријан потсети на катастрофалните грешки кои ги направи Кариус, кој бранеше во финалето на ЛШ, кога Реал Мадрид победи и тоа најмногу благодарение на очајните интервенции на чуварот на мрежата на Ливерпул. Вечерва Ливерпул доби нов Кариус.