Ах, тој еден гол – Бонацоли му го извади „ајфонот“ од џеб, за утеха Злате ќе добие ваучер од илјада денари

Голот на Федерико Бонацоли што ѝ донесе комплетен пресврт и победа на Сампдорија против Парма со 3:2 скапо го чинеше јунакот на последното коло на Спортска прогноза, Злате, кој погоди 12 од вкупно 13 двојки и беше на прагот да ја освои прекрасната премија IPhone XS што ја доделува Sport Life.

Тоа ќе беше шлаг на втората сезона на бесплатната игра што ја организираат Спорт Манија и Sport Life, но фалеше и малку среќа за супер добивка во 34-тото коло.

Парма водеше со 2:0 по првото полувреме и кога Сампдорија израмни на 2:2 во 69-тата минута, Злате го имаше „ајфонот“ в џеб бидејќи прогнозираше реми на „Енио Тардини“, но Бонацоли погоди за 2:3 во 78-мата минута и 13-та остана недостижна со драматичен пресврт на гостите од Џенова.

За утеха Злате ќе добие ваучер од илјада денари што ќе може да го искористи во обложувалниците на Sport Life.

Погледнете ја прогнозата на мајсторот што немаше среќа да го добие прекрасниот ајфон во финишот на втората сезона на Спортска прогноза.

Во последното коло прогнозерите беа исклучително расположени, па има и три погодени единаесетки, што ќе им донесат ваучери од по 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести