21.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Ах тој еден гол: Најтажната обложувачка приказна (Фото)

Синоќа се играа првите мечеви од плејоф фазата во Лигата на Европа и Конференциската лига на Европа, а од Англија доаѓа една неверојатна обложувачка приказна.

На четири дуели, еден обложувач решил да одигра на точен резултат. Влогот е само една фунта, а добивката ќе изнесувала дури 119.340 фунти, но само еден гол фалело за да биде добитен овој неверојатен тикет.

Погодени се точните резултати на Лајпциг – Реал Сосиедад (2:2) што носи квота 14, Марсеј – Карабах (3:1) со коефициент 11, како и големото изненадување, односно триумфот на Бодо/Глимт на гости кај Селтик со 3:1, што се вреднуваше со коефициент 50.

Единствената утка е на дуелот Аталанта – Олимпијакос кој заврши со победа на тимот од Бергамо со 3:1, а типот било дека средбата ќе заврши со 2:1 за домаќините. Само еден гол на Аталанта недостасуваше за овој неверојатен тикет да биде добитен, а обложувачот кој уплатил само една фунта да се збогати за 119.340 фунти.

 

- Оглас -

Најнови вести