Ах, тој Лидс, само за 50 денари му „избегаа“ повеќе од 5.000 евра

Одлична беше вчерашната понуда, а еден обложувач со тикет уплатен во Виница за малку не успеа да добие повеќе од 5.000 евра и тоа само со 50 денари уплата.

Се работи за тикет на кој има 10 мечеви, а погодени се девет. Промашеен е единствено „иксот“ на дуелот Лидс – Астон вила. Гостите победија убедливо со 3:0, а Лидс ја продолжи очајната низа од шест порази по ред во Премиер лигата. На овој меч, при резултат 0:0, судијата направи еден превид кога „заборави“ да му даде црвен картон на еден играч на Астон вила. Подоцна, гостите покажаа дека се подобри и лесно ги освоија трите бода, но донесоа разочарување на обложувачот кој само со 50 вложени денари, имаше можна чиста добивка од 324.530 денари.

Сите останати девет меча кои беа комбинација од Премиер лигата, Лигата на Европа и Конференциската лига на УЕФА се погодени.

- Оглас -

Најнови вести