Тикет уплатен во Sport Life уште на 20 октомври за само еден гол остана без добивка од неверојатни 1.370.426 денари, па дефинитивно може да го добие приматот за малер на месецот. Обложувачот кој го уплатил тикетот во Гевгелија, наредил дури 35 натпревари на наједноставната игра, а тоа е да погоди фикс, односно играл само на „кец или двојка“.
На тикетот има комбинација од натпревари кои се играа од 20 октомври, па се до синоќешните средби од Лигата на Европа и Конференциската лига на УЕФА. Од 35-те одиграни средби, коефициентите се движат од 1.11 до 1.90, а на крајот, вкупниот коефициент на ливчето е неверојатен и изнесува 80.613.
Токму дуелот кој има најголема квота, а тоа е „двојката“ на Севиља – Реал Мадрид е причина за тикетот да не биде добитен на повеќе од 22.000 евра. Севиља водеше со 1:0, а Реал Мадрид израмни на 1:1 во 78 минута, но за жал на фановите на Кралевите и на овој обложувач во Sport Life, фаворитот не успеа да даде втор погодок и да победи.
Во продолжение на тикетот имаше уште 20-тина дуели кои беа одиграни во неделата, понеделник, вторник, среда и четврток и сите испаднаа добитни, па остана горчина поради фактот дека само Реал Мадрид е причината за тикетот да не вреди над 22.000 евра.
Мала утеха за овој обложувач е тоа дека тикетот е уплатен со СЛ Картичка и тоа го прави да биде Премиум LUCKY LOSER во Втора кеш шанса, односно поради фактот дека има само еден промашен меч со погоден коефициент над 1066, му носи добивка во висина на уплатата + 99 вредносни ваучери за уплата во вредност еднаква на уплатата, по принцип секој ден по еден ваучер во период од 99 дена.