Ајакс даде 6 гола, но се повреди Де Јонг

Ајакс во променливо расположение го заврши дуелот со Ексцелзиор, кој го добија со убедливи 6-2. Одлична вест за Ајакс пред реваншот со Јувентус од Лигата на шампионите е што голгетерски се во добра форма, особено треба да радува што резервата Клас Јан Хунтелар даде три гола и покажа дека не е за фрлање. Два гола даде Тадиќ, но имаа и причина за незадоволство.

Во првото полувреме се поивреди Френки Де Јонг, еден од клучните играчи во средниот ред, и играч околу кој се врти играта на „копјаниците“. Ако идниот член на Барселона не може да игра во Торино, тоа ќе биде голем хендикеп за младиот тим на Ајакс.

- Оглас -

Најнови вести