Ајакс и Реал по првите 45 минути, одиграат без голови, а домаќините се тие кои успеаја да ја затресат мрежата на гостите, но ВАР-системот им ја скрати радоста. Во 37-мата минута Куртуа лошо реагираше, a Николас Талјафико со глава успеа да погоди.
Сепак, по прегледаната видеоснимка, ВАР-системот покажа дека играчот на Ајакс бил во позицијата офсајд.
И на вториот меч кој се игра вечерва, во Лондон, по првите 45 минути, немаше погодоци меѓу Тотенхем и Борусија Дортмунд.