Ајакс добива големо засилување – Кристијан Ериксен!

Кристијан Ериксен би можело во следните месеци да се врати во Ајакс. Откако стана јасно дека Данецот, кој е член на Интер, веќе никогаш нема да игра во Италија бидејќи таму е забрането да играат фудбалери со вграден дефибрилатор во срцето. Ериксен, кој летоска имаше срцев удар за време на натпревар на ЕП, почна да бара друго решение за продолжување на кариерата.

Во Холандија смее да се игра со дефибрилатор (и Дејли Блинд од Ајакс има дефибрилатор) и Копјаниците сакаат да го искористат тоа за да го вратат 29-годишниот Ериксен во своите редови. Ериксен играше за Ајакс од 2010 до 2013 година.

- Оглас -

Најнови вести