Ајакс од Амстердам е клубот кој најмногу заработи од продажба на фудбалери во летниот преоден рок.
Копјаниците продадоа четворица фудбалери, за кои добија отштета дури 216,2 милиони евра. Бразилецот Антони и Аргентинецот Лисандро Мартинес ги продадоа во Манчестер јунајтед за многу големи пари, а одлично поминаа и со Себастиен Але во Борусија Дортмунд и Рајан Гравенберх во Баерн.
Ова се Топ 10-те клубови според сумите на продадени играчи летово:
1. Ајакс — 216,2 милиони
2. Манчестер Сити — 159,9 милиони
3. Бенфика — 127,3 милиони
4. Спортинг — 119,8 милиони
5. Монако — 117 милиони
6. Брајтон — 113,9 милиони
7. Лидс — 108,2 милиони
8. Баерн — 104,4 милиони
9. Јувентус — 103,2 милиони
10. Лил — 99 милиони