Со оглед на тоа дека сезоната 2019/20 се откажа во Холандија и нема шампион, според ланската сезона Ајакс уште се смета за бранител на титулата во Ередивизие. Актуелниот холандски првак потврди дека ги распродаде сите 41.000 сезонски билети за новата сезона која ќе почне во септември.
Дури 98% од навивачите кои имаа сезонски билети за прекинатата сезона ги обновија, односно 90% од капацитетот на „Јохан Кројф арената“ редовно ќе биде исполнет со фанови на Копјаниците на секој домашен натпревар.
Инаку во Холандија до 1 септември е забранет секаков вид спорт, а потоа мерките ќе олабават и ќе биде дозволен влез на навивачи на стадионите.
The best fans in the world… ❌❌❌
Sold out: 41.000 season tickets!
— AFC Ajax (@AFCAjax) July 1, 2020