Јувентус во три меча нема дадено ниеден гол против Атлетико, но сега сака чудо

Јувентус – Атлетико Мадрид (21 ч.)

Ова е меч на кој Јувентус треба да покаже дали има шампионски карактер. Атлетико Мадрид е клуб кој никако не му одговара на италијанскиот првак. Во досегашните три меѓусебни дуели, „старата дама“ не само што нема ниедна победа, туку во 270 минути против Атлетико нема дадено ниту еде гол (порази 2-0 и 1-0 и едно реми 0-0).

Низ историјата, Јувентус 32 пати го губел првиот меч, а потоа во 14 случаи успевал на реваншот да го елиминира противникот. Сепак, кога резултатот бил 2-0 за противникот по првите 90 минути, Јувентус бил елиминиран во сите пет случаи.

Двата тима имаат проблеми околу составот. Јувентус ќе биде без суспендираниот Алекс Сандро, повредениот Квадрадо, како и без Сами Хедира, кому му беше извршена операција поради срцеви проблеми. Атлетико ќе биде без Диего Коста и Томас (двајцата се суспендирани), како и повредениот Филипе Луис.

Кристијано Роналдо верува дека Јувентус има сили не само конечно да даде гол против Атлетико туку и да го елиминира.

Предлог тип: 1&2-4 (2.70) – квота на денот во Sport Life

 

Манчестер сити – Шалке (21 ч.)

Тука не треба да има дилеми. Иако минатата недела бевме сведоци на пресвртите што ги направија Ајакс и Манчестер јунајтед на гостински терен, Шалке сепак не е клуб од калибарот на некогашните европски прваци. Манчестер сити мечтае да стигне до првиот европски трофеј, а по победата од 3-2 на гости, сега само формално треба да обезбеди пласман во четвртфиналето.

Овие два клуба досега четири пати се сретнале во Европа, а „граѓаните“ имаат три победи, додека Шалке се радувал еднаш. Резултатот, но и квалитетот на составот со којшто располага е на страната на Сити, па се очекува уште една победа на англискиот тим.

Предлог тип: ГГ и 3+ (2.50) – квота на денот во Sport Life

 

Дижон – ПСЖ (19 ч.)

ПСЖ сигурно ќе ја одбрани титулата во француското првенство, но сепак оваа сезона за „светците“ може да се каже дека ќе биде неуспешна. Тимот кој доминира во Франција, очекуваше голем успех во Лигата на шампиони, но минатата недела доби „шлаканица“ од Манчестер јунајтед и беше елиминиран уште во осминафиналето.

Сега ПСЖ е насочен повторно на дуелите во домашното првенство. Првакот гостува кај Дижон, тим кој е во зоната за испаѓање. Со 41 примени голови, Дижон ја има третата најслаба одбрана, а гостите имаат 79 погодоци во 26 меча, што значи дека даваат над три погодоци по меч.

Предлог тип: Т2 3-5 (2.05) – квота на денот во Sport Life

 

Ридинг – Лидс (21 ч.)

Лидс во чии редови стандарден е и македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски вечерва ќе гостува кај Ридинг. Фоворитската улога ја имаат гостите кои едноставно не смее да си дозволуваат киксови, ако сакаат да го задржат местото кое води директно во Премиер лигата за следната сезона.

Неверојатен е податокот дека во последните 15 меѓусебни дуели, само на три имало ситуација гол-гол, односно двата тима да постигнат погодок. Тоа покажува дека ова може да биде многу неизвесен меч, иако Ридинг е само на три бода од зоната за испаѓање.

Предлог тип: Х2&0-2 (2.20)

 

Бристол – Ипсвич (20:45 ч.)

Домаќините се во ситуација да мора да победат. Тоа е така бидејќи моментно се на седмото место и се само на еден бод од позицијата која носи плеј-оф за разигрување во Премиер лигата. За разлика од Бристол, гостите се „утепани“. Се работи за последнопласираниот тим на табелата со само 22 бода во 36 средби.

Предлог тип: 1 (1.60)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести