Ајакс и во новата сезона ќе ги тресе фаворитите во ЛШ (Видео)

Минатосезонскиот полуфиналист во Лигата на шампиони, екипата на Ајакс, е еден од последните три клуба што обезбеди место во групната фаза за новата сезона. Холандскиот првак вечерва во Амстердам со 2:0 го победи АПОЕЛ и обезбеди место меѓу 32-те екипи во елитната лига на УЕФА. Освен Ајакс, вечерва на пласман во групната фаза се радуваа и Славија Прага и Бриж.

Ајакс, кој само пред неколку месеци ги здрма и ги елиминираше Реал Мадрид и Јувентус од ЛШ, овојпат преку две квалификациски кола дојде до групната фаза. Во решавачкиот тим, холандскиот првак даде по еден гол во двете полувремиња против АПОЕЛ и стигна до посакуваниот пласман. Алварес погоди за 1:0, а во 80-тата минута победата ја потврди искусниот Душан Тадиќ.

Славија Прага по вторпат со минимални 1:0 го победи Клуж, а стрелец на голот за победа беше Борил во 66-тата минута. Бриж не дозволи изненадување против Ласк Линц и пред своите навивачи победи со 2:1, за вкупни 3:1 по двата меча со австрискиот ривал.

Утре, во 18 часот ќе биде ждрепката за групите во ЛШ.

https://youtu.be/qeu7q6R8Mns

- Оглас -

Најнови вести