32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Ајакс игра со омилениот ривал, дерби дуели во Романија и Грција

1009 Лутон – Ливерпул (17:30 ч.)

Тука нема дилема околу тоа кој треба да победи. Ливерпул сезонава е со биланс од 7 победи, 2 реми и 1 пораз, а Лутон е сосема обратно и е со само 1 победа, 2 реми и 7 порази.

Во просек Лутон прима по два гола на меч, а ако се знае дека сега за ривал имаат офанзивна екипа како Ливерпул, сигурно дека треба да се очекуваат повеќе погодоци.

Предлог тип: 2-2&3+ (1.93)

 

1638 Ајакс – Херенвен (16:45 ч.)

Најтрофејниот холандски клуб Ајакс на овој меч треба да докаже дека полека излегува од резултатската криза. Пред три дена Ајакс го прекина постот од два и пол месеци без победа и славеше над Волендам, а сега навивачите очекуваат нова радост на „Јохан Кројф Арената“.

Херенвен е ривал како за мерак затоа што традицијата вели дека Ајакс има 20 победи во последни 22 средби против овој ривал.

Предлог тип: 1&2-4 (2.30)

 

1809 Хајденхајм – Штутгарт (17:30 ч.)

Со четири порази во последните пет кола, Хајденхајм покажува дека сезонава за нив успех ќе биде да не испаднат од лига. Штутгарт е најпријатното изненадување сезонава, тим кој игра офанзивен фудбал и во просек дава по три гола на меч (27 погодоци во девет средби).

Хајденхајм има слаба одбрана, речиси и да нема дуел на кој не прими гол или два, па затоа едноставно треба да има погодоци и на оваа средба.

Предлог тип: ГГ3+ (1.76)

 

2436 ФЦСБ – Рапид Букурешт (19:30 ч.)

Градско дерби во Букирешт меѓу два тима кои целат на титулата. ФЦСБ е лидер со 31 бодови и само еден пораз во 14 кола, додека Рапид е трет со заостанување од пет бода.

Двата тима офанзивно играат одлично и во просек даваат по два гола, а немаат и некоја челична одбрана што е само параметат кој најавува интересен дуел со погодоци на двете страни.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.80)

 

1979 Олимпијакос – ПАОК (18:30 ч.)

Спортското ривалство меѓу Атина и Солун е големо, па затоа овој дуел е посебно привлечен. Мечот ќе се игра без публика што значи дека домашниот терен нема да има некоја посебна предност.

Олимпијакос ја има најдобрата дефанзива, а ПАОК е тим кој игра цврст фудбал со малку погодоци. Во 2023 година овие две екипи одиграа три меча, а два завршија со 0-1 погодоци.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.18)

- Оглас -

Најнови вести