Ајакс или Твенте, еден од нив ќе тагува за првпат во 2023 година

1582 Неа Саламис – Анортозис (18.00 часот)

Во некои други времиња ова би било чиста двојка, но сега домашните се фаворити. Неа Саламис е интересна екипа која има пет победи по ред и има само еден нерешен резултат во досегашните 22 кола во кипарската лига. Анортозис е дури деветти, има 11 бода помалку од Неа Саламис, а нивен проблем е лошата ефикасност, имаат 18 гола на 22 меча, и тоа четири дадоа во минатото коло против Омонија. Анортозис уште е далеку од зоната која води во плејофот и мора да победува во серија ако сака да влезе во топ 6, но Неа Саламис е во налет, иако не е претерано ефикасен тим. Неа Саламис од 2016 година не знае за победа над Анортозис.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.05)

 

2879 Твенте – Ајакс (18.45 часот)

Ова е дуел од осминафиналето на холандскиот куп, се игра само еден меч, нема реванш. Твенте нема пораз во 2023 година, во последните три кола во лигата одигра нерешено, и тоа секогаш и даваше и примаше гол. Ни Ајакс нема пораз во новата календарска година, а во последните две кола постигна вкупно девет гола. Ајакс и Твенте на 14 јануари играа меѓу себе во Амстердам, средбата заврши без голови. Твенте дома од 2016 година наваму нема победа над Копјаниците.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.83)

 

1536 Есторил – Боависта (19.00 часот)

Ова е меч од португалската лига помеѓу две екипи кои се во различна форма. Боависта нема пораз во последните три кола и играше ефикасни мечеви со дадени и примени голови, а Есторил, кој се бори за опстанок, губеше во последните три кола, и тоа сите три меча ги загуби со по 0-1. Есторил последен пат одигра меч со 3+ голови во декември, во купот. Последниот меѓусебен дуел на овие тимови беше лани во февруари, во Есторил, а Боависта победи со 3-2.

Предлог тип: 1+I и 1+II (1.94)

 

2882 АЕК – Олимпијакос (19.30 часот)

Полуфиналето на грчкиот куп се игра во два меча, вечерва АЕК е домаќин, а реваншот е на 1 март во Пиреја. АЕК има серија од седум победи по ред во сите натпреварувања, само еднаш на тие седум меча постигна помалку од два гола. Тешко примаат голови, а Олимпијакос од 8 јануари наваму нема дадено повеќе од два гола на еден меч. Во ноември меѓусебниот дуел во лигата им заврши 0-0. Традицијата е на страна на гостите, кои во 2018 го претрпеа последниот пораз на стадионот на АЕК во Атина.

Предлог тип: & 1-3 (1.68)

 

2866 Лориен – Ленс (21.00 часот)

Лориен и Ленс ќе се борат кој да влезе во четвртфиналето на францускиот куп. Нема реванш, се игра еден меч. Гостите се фаворити, но далеку од тоа дека домашните немаат реална шанса да одат понатаму. Ленс е добар на гостувањата, на гости не знае за пораз уште од 9-ти октомври. На последните три меча дома против Ленс, Лориен даваше по два гола, но победи само еднаш.

Предлог тип: X било кога (1.82)

- Оглас -

Најнови вести