Ливерпул и Ајакс ќе играат вечерва од 21 часот во Лигата на шампионите, а битката на екипите што биле прваци на Европа може да разреши неколку дилеми во групата Д.
Со нова победа Ливерпул ќе биде сигурен учесник во нокаут-фазата, а и реми им одговара на домаќините бидејќи имаат подбар меѓусебен биланс со Аталанта и би биле подобри и од Ајакс во евентуален круг од три екипи на врвот со еднаков број бодови.
Калкулации има многу, а Ајакс и со пораз вечерва на „Енфилд роуд“ ќе има шанси за пробивање во осминафиналето ако ја победи Аталанта на домашен терен во последното коло.
Холандскиот првак е во топ-форма и има само еден пораз во последните два месеца, и тоа токму од Ливерпул. Англискиот шампион славеше на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам на 21 октомври, со автоголот на Талјафико, и повторно е фаворит против тимот што пристигна во Ливерпул на поправен испит.
Англиските медиуми најавуваат дека Ориги ќе биде стартер во шпицот на домаќините, а Салах и Жота ќе одморат. Јирген Клоп има дополнителни проблеми со отсуство на неколку стандардни играчи поради повреди, но тоа веќе е стандардна ситуација кај англсикиот првак од почетокот на сезоната.
Кај Ајакс ќе недостасува Дени Блинд, а сите останати играчи се подготвени за изненадување и реванш за поразот од 0:1 во првиот меч на двата клуба во групата Д.