Еден од најзаслужните фудбалери за фантастичната сезона на Ајакс е Хаким Зијеш. Мароканецот имаше блескава сезона во која запиша 19 погодоци и 16 асистенции во сите натпреварувања, придонесувајќи за двојната круна на Копјаниците, како и подвигот во Лигата на шампионите, каде малку недостасуваше да се пласираат во големото финале.
Одличните резултати како и целокупниот перформанс на екипата, ги алармираа европските гиганти да се „тепаат“ за потписите на најдобрите нивни играчи. Де Јонг е веќе игра на Барселона, Де Лихт наскоро ќе биде продаден, а се очекува заминување и на Зијеш. Токму затоа холандскиот првак ја одреди неговата цена, а Зијеш е достапен за 35 милиони евра.
Знаејќи колкави суми се вратат изминативе неколку години на фудбалскиот пазар, 35 милиони евра се сосема прифатлива сума, а веќе се знаат и кандидатите за неговиот потпис. Арсенал е прв фаворит, се интересира и Баерн Минхен, додека и Рома се распрашува за Мароканецот. Негов единствен услов е да му биде гарантирано место во стартниот состав, а се чини дека Топчиите се во пол-позиција да ги добијат услугите на Зијеш.
Но, постои опција тој да остане во Ајакс. Доколку не се најде клуб што ќе го ангажира, Копјаниците ќе му ја зголемат платата на офанзивецот.