2888 – Спортинг Л. – Фаренсе (21:15)
Фудбалерите на Спортинг Лисабон се апсолутни фаворити против Фаренсе во Лига купот на Португалија. Спортинг на последните седум дуели против денешниот противник победува, а доколку се гледаат сите меѓусебни дуели, екипата од Лисабон победила на 12 од 13 натпревари, а само еднаш на победата се радувале фудбалерите на Фаренсе, и тоа во далечната 2001 година. Последните два натпревари помеѓу овие две екипи беа ефикасни, Спортинг победуваше со 2-3 на гости и 6-0 на домашен терен.
Предлог тип: 1 & Т1 3+ (2.00)
3629 – Торино – Фрозиноне (21:00)
Ефикасен меч се очекува да одиграат екипите на Торино и Фрозиноне вечерва во Купот на Италија. Фрозиноне на последните три натпревари игра со 3+ гола, а во меѓусебните натпревари последните четири завршуваат со најмалку три гола. Вкупно од осумте дуели кои ги имаат одиграно Торино и Фрозиноне, само еднаш не било 3+, и тоа во 2011 година, кога Фрозиноне победил со 1-0 на домашен терен.
Предлог тип: 3+ (2.07)
2862 – НЕК Најмехен – Рода (21:00)
Екипата на НЕК Најмехен со фаворитска улога влегува во мечот со Рода во Купот на Холандија. За пртовник имаат екипа против која имаат позитивен скор во меѓусебните дуели. На последните осум натпревари, Рода го нема победено НЕК, а последната нивна победа датира од 2016 година. На последните четири натпревари биле постигнати помеѓу два и пет гола, а таков е случајот и на седум од последните 10 меѓусебни натпревари.
Предлог тип: 1 & 2-5 (2.03)
2886 – Рандерс – Брондби (20:00)
Дуелот од Купот на Данска помеѓу Рандерс и Брондби се очекува да понуди голови во двете мрежи. Последните три меѓусебни дуели на овие две екипи завршуваат „гол-гол“ и со по четири гола. Двете мрежи во нивните меѓусебни натпревари се тресат седумпати на последните 10 меча.
Предлог тип: ГГ и 3+ (1.95)
1630 – Ајакс – Волендам (20:00)
Екипата на Ајакс има противник по мерка за да ја прекине катастрофалната серија во која се наоѓа. Волендам не знае за победа над екипата од Амстердам уште од 1994-тата година, а последен пат кога се сретнаа во јануари годинава, натпреварот заврши нерешено 1-1. Ајакс е во серија од пет првенствени порази во серија и сосема заслужено е на последното место во првенството на Холандија, а Волендам има само два повеќе, но се наоѓа во зоната за испаѓање.
Предлог тип: 1 & Т1 3+ (1.81)