Ајакс летово заработи над 100 милиони евра од трансфери а му одржува час по фудбал на Ренџерс (ВИДЕО)

Ајакс се чини дека ги обезбеди првите три бода во новата сезона од Лигата на шампионите бидејќи по првото полувреме во Амстердам води со 3:0 против Глазгов Ренџерс.

Холандскиот првак му одржува час по фудбал на шкотскиот великан, а летово имаше продажба на фудбалери во вредност од 216 милиони евра, додека потрошија 111 милиони и со тоа оствари заработка од над 100 милиони евра.

Едсон Алварез ја отвори сметката во 17-та минута, а потоа стрелаа и Стивен Бергвиус (32′) и Мохамед Кудус само две минути подоцна.

Во вториот меч од раниот термин за Лигата на шампионите, Ајнтрахт Франкфурт и Спортинг Лисабон играат 0:0 по првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести