Екипата на Ајакс на гостувањето од Лигата на шампионите кај Лил на 27 ноември ќе патува со воз. Сега на Копјаниците, кои одлично ја отворија сезонава со две победи (дома со Лил и на гости со Валенсија), им претстои дуел со Челзи. Потоа ќе дојде дуелот со Лил во Франција, а во тимот на Ајакс се подготвени за патување од два и пол часа со воз.
Во клубот од Амстердам мислат дека патувањето со воз е почисто, побрзо за вакви прилично кратки релации, а нуди и повеќе удобности и простор за испружување на нозете во текот на патувањето.
„Благодарност со Холандските железници и „Еуростар“ што ни го овозможија ова патување. Сакаме да бидеме добар пример како клуб. Лил е одлична локација за патување со воз. За нашиот стручен штаб и играчите ова е квалитетно и помалку напорно гостување“, вели директорот Едвин Ван дер Сар.