24.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Ајакс не простува двапати, време е Пандев и Парма да победат

6001 Ајакс – Бенфика (Лига на шампиони, 21:00 часот)

Првата средба беше исклучително возбудлива и ефикасна, а во втората ќе се влезе со 2:2. Како што е добро познато, според новите правила, веќе гол во гости не важи, па практично на оваа средба ќе се тргне од нула.

Ајакс игра во одлична форма во последните сезони во Лигата на шампионите, а вечерва се надева дека ќе оди во понатамошниот дел. Бенфика ќе биде без еден од своите најдобри стрелци, Харис Сеферовиќ, а секако дека голема предност за холандскиот великан ќе бидат и неговите навивачи.

Предлог тип: 1-1 (2.00)

 

3014 Виченца – Парма (Серија Б, Италија, 18:30 часот)

Тимот на Горан Пандев иако е еден од најсилните во Серија Б, никако да врзе победи со коишто ќе се приклучи кон врвот. Напротив, на последните пет средби, Парма има дури четири нерешени и само една победа, што е доволно за 14-то место.

Но, не е доцна со победа вечерва против Виченца, која е во зоната за испаѓање, работите да тргнат на подобро и да се фати последниот воз кон плејофот за Серија А.

Предлог тип: 2 (2.45)

 

6002 Манчестер јунајтед – Атлетико Мадрид (Лига на шампиони, 21:00 часот)

Навистина тежок и непредвидлив натпревар за типување. И двете екипи играат променливо, а особено тоа важи за Манчестер јунајтед, кој се чини дека „живее“ од инспирираноста на Кристијано Роналдо.

Атлетико е познат „муштерија“ кај Португалецот, но Диего Симеоне нема толку лесно да се откаже од понатамошниот пласман. И на оваа средба ќе се тргне од „нула“ бидејќи резултатот по првите 90 минути беше 1:1, а ништо да не чуди доколку на „Олд Трафорд“ гледаме и пенал-серија по 120-те минути.

Предлог тип: X Кога било (1.76)

 

1013 Блекбурн – Дерби каунти (Чемпионшип, Англија, 20:45 часот)

И покрај тоа што домаќините за оваа средба имаат шестмина фудбалери под знак прашалник поради повреда, тие се апсолутни фаворити. Сепак, Вејн Руни прави фантастични резултати со Дерби и иако сезонава му се одземени 21 бод поради административни проблеми, тимот сè уште е во борбата за опстанок.

Овните се наоѓаат на претпоследното место со 24 бода, односно пет помалку имаат од Ридинг, кој е на 21-вото место, кое обезбедува опстанок.

Само за споредба, доколку на Дерби не му беа одземени бодови, тимот ќе се наоѓаше сигурно на средината на табелата, со шанси и за влез во плејофот. Храбрите може да одиграат и дека гостите ќе дадат два гола (4.80), но ние ќе одиграме на посигурна варијанта, во која навиваме Дерби да даде еден гол.

Предлог тип: Т21+ (1.68)

 

1015 ВБА – Фулам (Чемпионшип, Англија, 21:00 часот)

Расположението кај двата тима е сосема спротивно и додека Фулам сигурно чекори кон враќање во Премиер лигата, ВБА од врвот во период од неколку месеци падна на средината на табелата.

Само победа е опција за домаќините, коишто посакуваат да се вратат во борбата за плејоф, но тешко е тоа кога на спротивната страна го има неверојатниот Александар Митровиќ.

Србинот во досегашниот тек од сезоната има 35 погодоци, што е апсолутен рекорд, а нема ништо против и вечерва да се запише во листата на стрелците.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.08)

 

- Оглас -

Најнови вести