Ајакс немаше милост и победи со 9:0

Ајакс без никакви проблеми се пласираше во четвртфиналето на Купот на Холандија, откако во Амстердам со убедливи 9:0 славеше над Ехцелсиор. Уште пред почетокот на дуелот се знаеше дека холандскиот гигант нема да има проблеми против третолигашот, но деветте погодоци не беа за очекување.

Уште на полувреме Ајакс водеше со 5:0, а домаќините во вториот дел постигнаа уште четири погодоци.

- Оглас -

Најнови вести