Ајакс падна во форма, европскиот првак сака прв да го порази во ЛШ

Два интересни дуели ќе понуди осминафиналето во Лигата на шампионите, во Амстердам и на Вембли во Лондон се очекуваат голови и ефикасни дуели на Ајакс и Реал, односно на Тотенхем и Борусија Дортмунд. Покрај ЛШ, денеска актуелни се и двата дуели од францускиот шампионат и мечевите во Англија.

 

Сент Етјен – Стразбур (19 часот)

Двете екипи се во конкуренција за позиции што водат во Европа Лигата, а разликата меѓу двата тима е два бода во корист на Сент Етјен. Стразбур изненади со одлични настапи, има постигнато барем еден гол на последните девет меча, но има и серија од четири меча без победа против денешниот ривал.

Сент Етјен го има епитетот дека е домашна екипа, а го потврдуваат тоа и сезонава со 8 победи, две ремија и само еден пораз на „Џефри Гишар“. Домаќинот е фаворит, нема пораз од Стразбур од 2008 година, но гостите можат да постигнат барем еден гол.

Предлог тип: 1&ГГ (4.15)

 

Каен – Нант (19.30 часот)

Ова е дуел на две екипи што се во лоша форма и немаат победи во францускиот шампионат веќе пет кола по ред. Нант си дозволи луксуз да загуби од Ним со 2:4, иако водеше со 2:0 на полувреме, што е катастрофален исход за тимот со светла традиција во Франција. Бијат битка за опстанок, но сепак се во подобра позиција од Каен.

Гостите се претпоследни со 18 бодови, шест помалку од Нант и се меѓу најзагрозените екипи во битката за опстанок.

Предлог тип: X (3.00)

 

Лидс – Свонси (20.45 часот)

Свонси победил само еднаш кога му бил гостин на Лидс во Јоркшир и тоа се случило во 1949 година. Велшкиот тим има катастрофален биланс кога му доаѓа на гости на Лидс и претрпел дури 15 порази на вкупно 19 меча во сите натпреварувања.

Лидс се бори за директен пласман во Премиерлигата, а Свонси се уште има шанси за настап во баражот. Езџан Алиоски веројатно пак ќе биде стартер за домашниот тим, што е стандарден избор на Биелса сезонава, а Пабло Ернандес ќе го замени повредениот Џек Кларк. Берарди, Далас и Форшо веројатно нема да играат, што е хендикеп за Лидс, но мора да се победува за да се остане на позиција која гарантира пласман во Премиерлигата.

Кај Свонси неизвесен е настапот на Мартин Олсон, а сигурно нема да игра Лирој Фер.

Предлог тип: 1Х&3+ (2.20)

 

Ајакс – Реал Мадрид (21 часот)

Ова ќе биде интересна битка на два гиганти на европскиот фудбал. Ајакс сака да ја продолжи импресивната серија без пораз во овој циклус од Лигата на шампионите. Одиграа 12 натпревари и никој не ги порази.

Ајакс има екстраталентиран тим со играчи за кои се интересираат богатите европски клубови. Де Јонг, Зијеч, Нерес, Де Лихт… Проблем за тимот од Амстердам е што игра лошо по зимската пауза и забележа драстичен пад во формата.

Во фазата по групи во ЛШ играа импресивно и ако успеат да ги повторат игрите против Баерн, Бенфика и АЕК имаат шанси против актуелниот европски првак.

Многумина очекуваа изненадување од Ајакс при ждрепката за осминафиналето, бидејќи Реал не играше добро, но сега ситуацијата е поинаква. Солари успеа да го стабилизира клубот, Реал се посилно гази во Шпанија, а сака да стаса до подвиг и четврта титула по ред во ЛШ. Нешто што никој не го сторил претходно, а Ајакс ќе биде вистински тест за капацитетот на Реал Мадрид во ерата без Кристијано Роналдо.

Предлог тип: T2 1+I & Т2 2+ (2.20)

 

Тотенхем –  Борусија Дортмунд (21 часот)

Англиско-германските фудбалски пресметки секогаш имаат посебен шарм во Европа, а вечерва на „Вембли“ ќе има прв дуел од двомечот меѓу Тотенхем и Борусија. Две екипи кои успешно газат и на домашен план и во Лигата на шампионите.

Тотенхем со победи го надополнува хендикепот и отсуството на Хари Кејн и на Деле Али, но ќе има проблеми против „милионерите“. Борусија игра супер ефикасен фудбал, а засега тоа го прави и со позитивен ефект за екипата, бидејќи се лидери во Бундеслигата и дотуркаа до осминафиналето во Лигата на шампионите.

Двомечот ќе биде неизвесен, а најдобар тип за обложување се чини дека се головите, со мала предност за домаќинот на денешниот прв дуел.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.40)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести