Елиф Елмас повторно е во фокусот на претстојниот летен преоден рок. Македонскиот репрезентативец доби понуда да ја продолжи кариерата во холандскиот гигант Ајакс.
Тој во вториот дел од сезоната игра во дресот на калчолигашот Торино, кој сака и да го задржи, но има проблем со откупната цена од 18 милиони евра која ја бара Лајпциг, клубот што ги поседува правата на Елмас.
Холандскиот гигант Ајакс веќе ги планира заилувањата за настапот во Лигата на шампионите следната сезона, а поред информациите на германски „Билд“, на списокот се наоѓа и името на Елиф Елмас.
Наводно веќе има конкретна понуда од Ајакс до Лајпциг, но не е прецизирано дали се работи за барање за перманентен трансфер или за позајмица.