Ајакс со играч помалку и по продолженија се извлече против Унион СГ (Видео)

Ајакс е последниот осминафиналист на Лигата на Европа откако по голема борба дојде до пласман во следната фаза. Екипата од Амстердам по 90 минути губеше со 0-2 од белгисти Унион СГ на домашен терен, истиот резултат со кој победи на првиот меч, па мечот продолжи со продолженија од двапати по 15 минути.

Тејлор во 93-тата минута од пенал беше стрелец на голот за Ајакс, со којшто намалија на 1-2, а воедно тоа беше и конечниот резултат по продолженијата.

Норвешки Молде иако како голем фаворит влезе во двомечот против Шемрок роверс, сепак по киксот на домашен терен и поразот од 0-1 мораше да се вади во Ирска. Молде успеа да победи со 0-1, па бидејќи немаше голови во продолженијата, се премина кон изведување на пеналите. Таму поуспешни беа норвежаните со 5-4, откако погодија во сите пет серии, а трагичар на ирскиот претставник е Грин, кој беше единствениот кој не успеа да реализира.

- Оглас -

Најнови вести