Една од најболните елиминации во историјата на Лигата на шампиони синоќа ја имаше Ајакс. Холандскиот гигант прими гол во 90+6 минута и на тој начин славењето кое беше подготвено се претвори во една голема тага и неверување за суровата реалност.
Младите фудбалери од Амстердам ги освоија симпатиите кај неутралните фанови откако успеаја да ги елиминираат фаворизираните Реал Мадрид и Јувентус, а одлично одиграа во текот на целата сезона сè до синоќешното кобно второ полувреме против Тотенхем.
Од Ајакс преку видеоклип ја опишаа целата сезона во ЛШ и на крајот најавија дека ќе се вратат следната година, и тоа уште посилни.