Некогашниот четирикратен европски првак Ајакс е најпријатното изненадување во Лигата на шампионите сезонава. Гигантот од Амстердам синоќа победи со 1:0 на гости кај Тотенхем во полуфиналето и е на чекор од пласман во финалето на елитното натпреварување на УЕФА.
Фудбалскиот свет е воодушевен од играта на Ајакс, кој успеа да ги елиминира Реал Мадрид и Јувентус, иако во ЛШ тргна уште од второто квалификациско коло, подвиг кој прв пат се случува во ова натпреварување. И против Тотенхем во Лондон, Ајакс покажа како се игра напаѓачки фудбал, без страв од противникот.
Формацијата на Ајакс е 5-3-2, а во поголем дел од мечот гостите ги неутрализираа нападите на Тотенхем. Оваа формација многу добро се трансформира во офанзивна кога Ајакс треба да нападне. Главен човек во ваквата игра е Френки де Јонг кој има голема слобода на теренот и се движи меѓу дефанзивците, но одлично се вклопува и во организација на нападите.
Против Тотенхем, Де Јонг имаше речиси перфектен меч.