Ајакс во Амстердам ќе брка пласман во групната фаза

Реми без голови во првиот дуел меѓу АПОЕЛ и Ајакс во плејофо рундата од Лигата на шампионите. Копјаниците буквално од нула ќе тргнат на својата арена во Амстердам каде што ќе го бара влезот во групната фаза. Гостите иако стастистички подобри, АПОЕЛ не искористи доста добри шанси да постигне гол.

Гостите остана со играч помалку во последните десетина минута по вториот жолт картон на Мазрауи, но и со 10 играчи тимот на Тен Хаг остана непоразен.  Реваншот на „Јохан Кројф арена“ е закажан за 28 август во истиот термин.

По еден гол се постигна во натпреварите во Линз, односно Клуж. Славија Прага триумфираше против романскиот првак со погодокот на Масопуст во 28-та минута, а Омрани пропушти клучна прилика да го врати Клуж во игра промашувајќи од белата точка.

Клуб Бриж дома ќе се врати со победата од 1-0 на гости кај ЛАСК, со погодокот на Ванакен од пенал во 10-тата минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести