Ајакс во Купот на Холандија испадна од четвртолигаш!

Најголемиот холандски клуб Ајакс сезонава доживува серија шокови, а вечерва се чини дека Копјаниците ја добија најжешката шлаканица.

Ајакс е елиминиран во Купот на Холандија од четвртолигашот Херкулес. Нисколигашот и аматерски клуб за којшто ова е најголема победа во клупската историја, победничкиот гол за триумф од 3-2 го даде во 93-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести