Ајакс знае како да ја прескокне „Тумба“

ПАОК – Ајакс (Квалификации за ЛШ, 19 часот)

Ајакс е незгоден противник за ПАОК и двапати во двомечи го елиминираше грчкиот тим токму во оваа фаза, во полуфинале од квалификациите за учество во Лигата на шампионите.

Интересно е што ПАОК и во 2010 година и шест години подоцна ремизираше на „Амстердам арена“, но не успеа да победи на популарната „Тумба“ во Солун и испадна во дуелите со копјаниците.

Ајакс по ланскиот блесок во Лигата на шампионите, малку го промени тимот, но сепак има одлични играчи. Си заминаа Де Лихт, Де Јонг и Шене, но костурот се уште е тука. Ќе игра и Ван Де Бек, иако се шпекулира дека и тој ќе си замине, а главни адути пак ќе бидат Зијеш, Тадиќ и Нерес.

ПАОК без пораз ја совои титулата во Грција, славеше и во купот и повторно бие историска битка за прв пласман во фаза по групи во Лигата на шампионите.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.05) Квота на денот на Sport Life

 

АПОЕЛ – Карабах (Квалификации за ЛШ, 19.00 часот)

Дуел на две екипи што веќе играле во фаза по групи во Лигата на шампионите. Сега се тука некаде со квалитет, но АПОЕЛ е фаворит денеска. Во Никозија на својот стадион играат одлично и на последните 10 меча имаат амо еден пораз.

Италијанецот Паоло Трамецани има интересен микс на интернационалци, грото од нив од Балканот. Интересно е што има многу малку играчи од Кипар во составот. Јоану е стандарден, а Меркис најчесто е резерва од домашните фудбалери.

Доста искусни интернационалци има и Карабах. Ги предводи одличниот Шпанец Жаиме Ромеро, a опасни за одбраната на АПОЕЛ ќе бидат и натурализираниот Ричард, Абдела Зубир…

Карабах е цврста екипа, но денеска на „Нео“ во Никозија АПОЕЛ е фаворит.

Предлог тип: 1&0-3 гола (2.22)

 

Динамо Загреб – Ференцварош (Квалификации за ЛШ, 20 часот)

Во двата состави има по еден македонски репрезентативец, но веројатно ќе игра само Аријан Адеми, капитенот на Динамо. Стефан Спировски се уште не е потполно фит по повредата и нема да игра на „Максимир“.

Популарните „модри“ се фаворити.  Имаат поголемо искуство и успеси во последно време од Ференцварош во еврокуповите, а и имаат поквалитетен тим.

Популарниот Фради настојува да е врати на патеките на успехот од некои дамнешни времиња, кога играа и финале во Купот на победници на купови. Сергеј Ребров покажа дека е и одличен тренер, но и на спротивната страна Ненад Бјелица одлично си ја врши работата во обидот Динамо повторно да игра во фаза по групи во европските купови.

Предлог тип: 1-1&2-5 гола (3.05) Квота на денот на Sport Life

 

Бриж – Динамо Киев (Квалификации за ЛШ, 20.30 часот)

И двете екипи имаа фуриозен старт на сезоната, а особено импресивни се игрите на Бриж. На два меча во белгиското првенство тимот што го предводи Филип Клемент направи гол-разлика од 9:1.

Со победи стартуваше и украинскиот гигант Динамо Киев. Го совладаа големиот ривал Шахтар за пехарот во Суперкупот на Украина, а потоа тргнаа со две победи и гол-разлика од 5:0 и во новиот шампионат на Украина.

И двете екипи претрпеа измени во составите во однос на ланската сезона, но главните ѕвезди се тука. Кај Бриж многу работи зависат од Ханс Ванакен, играч што знае да дава голови. Веќе постигна три на два меча, а и лани беше еден од столбовите во играта на белгискиот првак, кој играше во фазата по групи, но испадна во конкуренција на Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид и Монако. Бриж се префрли потоа во Европа Лигата, но беше елиминиран од Ред Бул Салцбург.

Динамо стаса до осминафиналето во ЛЕ, а таму доживеа дебакл од Челзи, во двомечот што заврши со вкупен резултат од 8:0 за англискиот тим. Главна ѕвезда во тимот е Витали Миколенко, веќе стандарден член на украинската репрезентација. Голема предност за Динамо е што ривалот од Белгија никогаш не победил украинска екипа во европските купови, а билансот на Бриж е 4 ремија и пет порази.

Предлог тип: 3+ (2.10)

 

Црвена Ѕвезда – ФК Копенхаген (Квалификации за ЛШ, 20.45 часот)

Српскиот првак големи надежи полага во офанзивното трио Боачи, Бен и Марин, а хендикеп ќе им биде неиграњето на Јовичиќ и Томане. Играа лани во фаза по групи во Лигата на шампионите, за првпат со успешна низа во натпреварувањето што го освоија како Куп на Европски шампиони во 1991 година.

Копенхаген има одличен почеток во данското првенство со максимални 4 победи, исто како и главниот конкурент Митјиланд. Но, сега мислите им се насочени кон успех во Европа, а имаат подлога да се надеваат дека можат да ја елиминираат Црвена Ѕвезда.

Н`Доје и Винд ќе бидат главна закана за одбраната на домаќинот. Голем адут ќе им биде и одличниот стратег Стале Солбакен, еден од најдобрите норвешки и скандинавски фудбалски тренери.

Копенхаген веројатно ќе игра без Бојлесен, Андерсен и Бјеланд, но има многу солиден тим. Голема предност како и секогаш Црвена Ѕвезда ќе има поради навивачите, а на „Рајко Митиќ“ и вечерва се очекува пеколна атмосфера.

Предлог тип: 1&T1 2+ (2.85) Квота на денот во Sport Life

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести